Стартап Македонија се формира како заедница на креативни претприемачи

Стартап Македонија е основана како непрофитна Асоцијација на стартапи, креативни претприемачи, акцелератори и инвеститори кои ќе работат заедно да креираат средина во која иновативноста ќе биде наградена и новите идеи ќе бидат претворени во издржани бизниси. Македонија за жал заостанува зад своите најблиски соседи кога се иновациите во прашање, но сега повеќе од било кога претходно, има интерес и потенцијал со кој можат да се охрабрат претприемачите во создавање на нови иновативни компании.
Стартапите се есенцијални за развојот на економијата и напредокот на Македонија, вели Глигор Дачевски, директор и основач на DoxOut и SportyPal. Затоа првите дејности на Стартап Македонија ќе биде да се мапираат екосистемот на сите нови компании и организации кои работат со иновациите.
„Стартап Македонија ја создадовме со цел да ја зголемиме свесноста за значењето на стартапите; поорганизирано да преземаме мерки и акции со цел да се развива, како и да си помогнеме самите себеси, со споделување на искуства и знаење за развој на стартапити во кои делуваме“, вели Глигор. „Сакаме да се запознаеме или да направиме еден репозиториј на активните членови на таа заедница, да поддржиме настани кои ја промовираат и потенцираат стартап културата, до акции кои ќе значат промена на легислативата за да можат стартапите рапидно да се развиваат, а инвеститорите непречено и стимулативно да инвестираат во нив“.
Заедно основачите на новите компании и искусните претприемачи се согласуваат дека Стартап Македонија може да помогне во креирање на продуктивна бизнис средина. Но, првин треба да се решат основните проблеми како создадевање култура на соработката, во која иновативноста ќе бида секојдневние. „Пред дa збoрувaме зa вмрежувaње нa стaртaп зaедницaтa, нaјпрвo требa дa јa изградиме, дa функциoнирaме кaкo зaедницa. Ние сме се уште вo oвaa фaзa. Дa спoделувaме знaење, искуства, кoнтaкти, дa соработуваме…“, вели Наташа Петкова, ко-основач на Fox Media House.
„Изoлирaнoстa е еден oд нaјгoлемите прoблеми нa кoи сметaм декa требa дa рaбoтиме. Требa дa рaбoтиме и нa прoмoвирaње и грaдење нa стaртaп духoт. Ни недoстaсувa мaлку aгресивнoст и хрaбрoст дa ги грaбнеме мoжнoстите. Знaеш ли сaмo кoлку нaши стaртaпи се имaaт oткaжaнo вo мoментoт кoгa инвеститoрите ќе им кaжaт декa се зaинтересирaни дa инвестирaaт вo нив?“, вели Наташа.
Предизвиците со кои се соочуваат иновативните македонски компаниии се многубројни и чести, но постојат решенија, вели Давид Павловски, директор на Founders Institute. За Давид, Стартап Македонија претставува шанса да се креира уникатна заедница која ќе споделува важни информации што ќе им помогнат на претприемачите.

„Секој иден стартап треба да се фокусира на неколку релеванти точки: да најде листа на добри локални ментори; да најде експерти кои ќе му помогнат во градење на компанијата во сите сегменти, од маркетинг до продажба и инвестиции; место каде стартапите ќе можат да разговараат за equity и други клучни работи што му се потребни на еден претприемач да се развива. Стартап Македонија треба да биде заедница каде за прв пат претприемачите ќе можат да соработуваат со луѓе што имаат вештини како нив“, вели Давид.

За Петар Ниновски, основач на Brainster, соработката помеѓу локалните и регионалните претприемачи ќе значи само поттик да се создадат успешни и иновативни бизниси. „Колку посилна заедница толку подобро за сите нас. Конкретни промени можат фа се направат само со здружено делување“, вели тој.
Една од примарните задачи на Стартап Македонија е да го поврзе претприемачите во другите градови. Скопје е метрополата која е домаќин на поголемиот број стартапи и претприемачи, но има иновативни компании кои се основани и Скопје, Битола, Струмица и Охрид. Јасна Тренгоска, ко-основач на H-Sense и директорка на Girls in Tech Macedonia, вели дека обврската на заедницата е да потикне брилијантните идеи да станат вистински бизниси кои ќе ја освојат Македонија, и можеби нивната успешна приказна ќе излезе надвор од границите..
„Мислам дека конкурентноста на стартапите многу зависи од mindset-от на основачите и луѓето кои работат во одреден стартап. Често среќавам луѓе со брилијантни стартап идеи, кои можеби и никогаш нема да се реализираат и да се најдат на пазарот, бидејќи понекогаш сопствениците на тие идеи не се подготвени да превземаат ризици. Од овој аспект, мислам дека е обврска на заедницата да помогне во креирањето на по-динамичен и претприемачки начин на размислување кај луѓето, со што би се охрабриле да се впуштаат во предизвици и поуспешно да го реализираат својот потенцијал“, вели Јасна.

За сега, предизвиците се пред целата заедница на Стартап Македонија да ги оствари целите кои ќе донесат поконкуретна претприемачка култура. „Јaс мнoгу би сaкaлa дa мoжaм еден ден дa нaбрoјaм бaрем три стaртaпи сo кoи се гoрдеaм. Лoкaлни стaртaп херoи, кoи имaле гoлемa пoбедa. Тoгaш ќе кажам декa oвaa зaедницa си јa oствaрилa својата мисијa, a и јaс свoјaтa“, вели Наташа.